Во овие моменти започнува протестен марш со кој граѓаните бараат оставка од одговорните за смртта на Тамара Димовска. Поворката започнува од Фондот за здравство, потоа пред Собранието и ќе се движи по улицата Македонија, во центарот на Скопје. Протестот ќе заврши пред Министерството за здравство.

TAMAR

Мото на протестот е Црвен картон за министерот Тодоров. Освен оставка од министерот, се бараат оставки и од директорите на Фондот за здравствено осигурување. Се бара и кривична одговорност од членовите на Управниот одбор, како и одговорните лица и членови на првостепената и второстепената комисија на Фондот. 9-годишната Тамара која боледуваше од сколиоза почина пред здравствените власти да и одобрат лекување во странство.
Институтот за судска медицина по извршената обдукција на телото на 9-годишната Тамара Димовска потврди дека причината за нејзината смрт е бронхопневмонија, објави „Здравство 24“.

Извештајот од извршената обдукција на телото на починатата Тамара Димовска од Велес синоќа бил доставен до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по службено барање од инспекторатот.

Во извештајот било наведено дека директна причина за смртта на малата Тамара е бронхопневмонија (акутно воспаление на респираторните органи).

Слични содржини