ivanov2

За да се разјасни целата дебата во јавноста околу легалноста и легитимноста на одлуката за аболиција на Иванов треба да се изанализираат одредбите на Законот за помилување. Едно знам како политички новинар, дека во политичар доверба не треба да се има, па затоа мора да истражува се, бидејќи политичарот е подготвен да направи театар за да го скрие битното пред јавноста.

И сега ќе почнеме со првиот дел од театарот , одлуката за укинување на измените на Законот за помилување од 2009.
ODLUKA
И како што можете да видите уставниот суд ги УКИНУВА измените на законот од 2009 тата . Повторувам УКИНУВА, а не ПОНИШТУВА.

USTAV

А пак за да биде “заврзламијата” поголема со измените на законот во 2009 год. се предвидува укинување на чл. 11 на кого се повикува Иванов во одлуките за аболирање.
ZAKON

И сега да објасниме што е разликата помеѓу укинување на одредби или поништување на одредби.

(Поништување) Ex tunc- Уште од самиот почеток

(Укинување) Еx nunc- од сега натаму

И сега што значат овие термини. Тоа значи дека кога Уставниот суд ќе укине одредба, се применуба начелото Ex nunc, што значи дека законот или одредбата се става вон правниот промет, постои но не се употребува, но и дека не се враќаат назад претходните одредби.(како што стои- се смета од сега натаму )

А сега што значи кога уставниот суд ќе поништи одредба – ex tunc?
Тоа значи дека одредбата е поништена, се исфрла од правниот промет, се смета како да не постоела, и се враќаат во важност претходните одредби. (како што стои- се смета ште од самиот почеток )

И види “мајката” !? Членот 11 е укинат, значи сега постои како укинат, но состојбата не може да се врати назад како на почеток и да важи повторно бидејќи не е поништен. Излегува дека тој член не постои, мртов е… а Иванов со него помилува… види перверзија… или може така му чини?

А и не треба многу да се размислуваме јас или Вие. Еве што наведува уставниот суд во своето образложение.
“Со оглед на тоа дека станува збор за норми кои констатираат престанок на важење на делови од одредби кои во минатото биле во содржината на одредбите со кои се уредувало одредено право на конкретен и со закон утврден начин – според Судот, тие норми не се подобни за уставно судска анализа!
Во конкретниов случај, со иницијативата всушност се бара Судот да ги укине оспорените одредби од Законот и да ги врати во важност претходно важечките одредби кои ги содржеле деловите кои со оспорените одредби се бришани.
Но, имајќи предвид дека согласно членот 110 од Уставот, УСТАВНИОТ СУД НЕ Е НАДЛЕЖЕН ДА ВРШИ ЗАКОНОДАВНА ФУНКЦИЈА и да нормира прописи, со враќање во сила на оние одредби кои повеќе не се во правниот поредок, ниту пак, има процесни претпоставки да постапува по иницијативата, односно да ја цени уставната основаност на бришаните одредби и од друга страна уставната основаност на одредбите со кои тие биле бришана од Законот, како и оправданоста на овие законски решенија, Судот оцени дека во конкретниот случај се исполнети условите од членот 28 алинеи 1 и 3 од Деловникот на Уставниот суд за отфрлање на иницијативата“.
Толку од легалноста на аболицијата… а се си мислам дека на уставниве судии баш и не им текнало како да се снајдат за до крај да ја направат легална аболицијата…
ФЃ.

Слични содржини