Портпаролот на Движењето за реформи на ДПА, Елмир Сејфулаи, на денешната прес-конференција го поздрави избирањето на специјалниот јавен обвинител, апелирајќи ова ново тело, коректно да ги реши случаите на криминалот и на корупцијата.

dvizenje-za-reformi-DPA.jpg

– Особено за Албанците, бараме да се постапува за инкриминираните случаи на албанските политички службеници, претседатели на албански партии поврзани со коруптивни афери, за кои показател е нивното богатство создадено од политиката. Гласот на албанскиот народ тие го претворија во лично богатство, ги украдоа јавните имоти, изградија хотели, луксузни домови – рече Сејфулаи.

Движењето за реформи на ДПА побара мнозинството од членовите на Специјалното обвинителство да бидат Албанци, имајќи ја предвид, како што рекоа, политичката реорганизација во земјата, поделена помеѓу две етнички заедници.

 

META

Слични содржини