99
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ нема да игра на престижниот АТП турнирот во Пекинг. Србинот нема да го брани трофејот кој го освојуваше последните четири години во низа, поради повреда на раката.
„Жал ми е што нема да учествувам на еден од моите омилени турнири. Тука имав многу успешни резултати и се надевам дека во иднина ќе настапувам тука, изјави Ѓоковиќ.
Турниот во Пекинг ќе се игра од 3-8 октомври за награден фонд од три милиони долари