ДУИ и ВМРО ги смирија тензиите во Бутел кога видоа дека нема веќе наивни Македонци и Албанци што гинат за нив, пишува на Фејсбук претседателот на Здружението на новинари Насер Селмани.

насер
„ДУИ и ВМРО ги смирија тензиите во Бутел кога видоа дека нема веќе наивни Македонци и Албанци што гинат за нив. Останаа сами на улица. Се повлекоа кога сфатија дека во играта за и против крстот требаше да гинат нивните партиски војници.
Честитки за граѓаните Македонци и Албанци од Бутел, кои останаа дома и покрај тоа што партиските челници на двете партии ги повикуваа на конечна пресметка со нивните комшии. Албанците и Македонците од Бутел покажаа дека нема да ја пролеат нивната крв со цел Груевски и Ахмети да останат на власт и да ги покријат нивните криминали. Тие и одржаа лекција на власта дека никогаш повеќе нема да добиe избори со сценарија за предизвикување на меѓуетнички и меѓуверски конфликти“, пишува Селмани.

[adinserter block="4"]

Слични содржини