Ирачката Влада ги поздравува руските воздушни напади против “Исламска држава” на ирачка територија, изјави ирачкиот премиер Хајдер ал Абад, цитиран од Ројтерс и ТАСС.
На прашање на француската телевизија Франс 24 дали разговарал со Русија за воздушните напади против ИД во Ирак тој возврати дека такви дискусии уште не биле водени.
“Има таква можност. Ако добиеме таков предлог ќе го разгледаме и јас би го поздравил”, рече ирачкиот премиер, кој е во седиштето на ОН во Њујорк.
Претходно на прес-конференција во ОН, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија не планира да нанесува воздушни напади и во Ирак.
“Очекувавме меѓународната коалиција, Американците да ги заштитуваат силите со масовна воздушна поддршка. Не добивме таква. Во моментов добиваме поддршка, но тоа не е суштински, таа е ограничена. Важно за нас е како најдобро да се бориме со ИД”, изјави Абад.
“Не се подготвуваме да ги прошириме воздушните напади и во Ирак, не се ни молиме за такво нешто. Ние сме љубезни луѓе и не одиме на гости, без да не поканат”, изјави Лавров.