dikk2 (1)

[adinserter block="22"] [adinserter block="25"]

Врз основа на член 31 став 2 точка 44 и член 196-б од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16 и 99/16), Државната изборна комисија на седницата одржана на 25-ти јули 2016 година, усвои

 

 

ЈАВЕН ПОВИК

за пријавување на граѓани чии што записи во Избирачкиот список

по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни записи односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во Избирачкиот список

 

 

Се повикуваат сите граѓани чии што записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се утврдени како спорни записи, односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во Избирачкиот список, во периодот од 26 јули до 19 август 2016 година да се пријават во  Државната изборна комисија за да може да се запишат во Избирачкиот список.

 

Списокот на граѓани чии што записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни записи, односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во Избирачкиот список е објавен:

 

  • на официјалната веб страница на Државната изборна комисија www.sec.mk;
  • во подрачните одделенија на Државната изборна комисија и
  • во месните канцеларии на Министерството за правда-Управа за водење на матични книги.

 

Пријавувањето може да се изврши на два начина и тоа:

 

  1. Лично во Државната изборна комисија или во Подрачното одделение или канцеларија на Државната изборна комисија, секој ден од 08:30 до 19:00 часот.на следните адреси:

 

  • ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Улица: Св.Кирил и Методиј бр.54, Скопје 1000

 

  • ПОДРАЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ГЕВГЕЛИЈА

Канцеларија Гевгелија

Адреса: ул. Маршал Тито бр. 170

 

Канцеларија Валандово

Адреса: ул. „4 ти Јули„ бр. 1

 

  • ПОДРАЧНО ОДДЕЛЕНИЕ КИЧЕВО

Канцеларија Кичево

Адреса: ул. Борис Кидрич бб

 

Канцеларија Македонски Брод

Адреса: ул. 7-Септември бр. 4

 

  • ПОДРАЧНО ОДДЕЛЕНИЕ КОЧАНИ

Канцеларија Кочани

Адреса: ул. Раде Кратовче бр. 1

 

Канцеларија Берово

Адреса: ул. Димитар Влахов бб

 

Канеларија Виница

Адреса: ул. Бел камен бб

 

Канцеларија Делчево

Адреса: ул. М.М. Брицо бб

 

  • ПОДРАЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ОХРИД

Канцеларија Охрид

Адреса: ул. Димитар Влахов бр. 57

 

  • ПОДРАЧНО ОДДЕЛЕНИЕ СТРУГА

Канцеларија Струга

Адреса: ул. Пролетерски бригади бр. 62

 

Канцеларија Дебар

Адреса: ул. Булевар Скопје бб

 

  • ПОДРАЧНО ОДДЕЛЕНИЕ СТРУМИЦА

Канцеларија Струмица

Адреса: ул. Сандо Масев бр. 1

 

Канцеларија Радовиш

Адреса: бул. Александар Македонски бб

 

  • ПОДРАЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ВЕЛЕС

Канцеларија Велес

Адреса: ул. Панко Брашнар бр. 1

 

Канцеларија Кавадарци

Адреса: бул. ул. Маршал Тито бб

 

Канцеларија Неготино

Адреса: ул. „Ацо Аџи Илов„ бр. 2

 

  • ПОДРАЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ШТИП

Канцеларија Штип

Адреса: ул. Васил Главинов бр. 4б

 

Канцеларија Свети Николе

Адреса: ул. Плоштад Илинден бб

 

Канцеларија Пробиштип

Адреса: ул. Јаким Стојковски бр. 1

 

  • ПОДРАЧНО ОДДЕЛЕНИЕ БИТОЛА

Канцеларија Битола

Адреса:бул. 1 мај бб

 

Канцеларија Ресен

Адреса: Ул. Маршал Тито бб

 

Канцеларија Демир Хисар

Адреса: ул. Битолска бб

 

  • ПОДРАЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ГОСТИВАР

Канцеларија Гостивар

Адреса: ул. Браќа Ѓиновски бб

 

  • ПОДРАЧНО ОДДЕЛЕНИЕ КУМАНОВО

Канцеларија Куманово

Адреса: ул.11 октомври бб

 

Канцеларија Крива Паланка

Адреса: ул. Јоаким Осоговски бр. 175

 

Канцеларија Кратово

Адреса: ул. Маршал Тито бр. 175

 

  • ПОДРАЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ПРИЛЕП

Канцеларија Прилеп

Адреса: Ул.Питу Гули бр 2

 

Канцеларија Крушево

Адреса: ул. Никола Ѓурковиќ бб

 

  • Подрачно одделение Тетово

Канцеларија Тетово

Адреса: ул. Дервиш Цара бб

 

  • ПОДРАЧНО ОДДЕЛЕНИЕ КАРПОШ

Канцеларија Карпош

Адреса: ул. Стрезово бр.7 Козле

 

  • ПОДРАЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ЦЕНТАР

Канцеларија Центар

Адреса: ул. Михаил Цоков бб

 

  • ПОДРАЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ЧАИР

Канцеларија Чаир

Адреса: ул. Босна и Херцеговина бб. барака број 16

 

  • ПОДРАЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ГАЗИ БАБА

Канцеларија Гази Баба

Адреса: бул. Александар Македонски бб

 

  • ПОДРАЧНО ОДДЕЛЕНИЕ КИСЕЛА ВОДА

Канцеларија Кисела Вода

Адреса: ул. Првомајска бб

 

  1. Лично во дополнителните канцеларии на Државната изборна комисија во седиштата на единиците на локалната самоуправа, и тоа:

 

  1. Ѓорче Петров;
  2. Сарај;
  3. Студеничани;
  4. Аеродром;
  5. Шуто Оризари;
  6. Бутел;
  7. Арачиново;
  8. Чучер Сандево;
  9. Петровец;
  10. Липково;
  11. Долнени;
  12. Боговиње;
  13. Брвеница;
  14. Желино;
  15. Јегуновце;
  16. Теарце;
  17. Маврово и Ростуше и
  18. Врапчиште.
  19. При личното пријавување во Државната изборна комисија односно подрачните одделенија и канцеларии, или во дополнителните канцеларии на Државната изборна комисија во единиците на локалната самоуправа, потребно е со себе да носите документ за идентификација (важечка лична карта или патна исправа ).

 

  1. Електронско пријавување преку посебна електронска апликација, поставена  на веб страната на Државната изборна комисија sec.mk.

При пополнувањето на бараните податоци наведени во пријавата, задолжително треба да прикачите скениран – фотографиран личен документ (важечка лична карта или патна исправа) на начин да може јасно да се прочитаат неговите лични податоци, адреса на живеење и важноста на личниот документ.

 

Списокот на адреси на Подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, како и други подетални информации може да се најдат на официјална веб страна  www.sec.mk

 

 

 

 

 

 

 

 

  ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

 

[adinserter block="4"]

Слични содржини