Ако примирјето биде нарушено, меѓународната заедница нема да молчи

књери

Државниот секретар на САД се закани со воведување на “дополнителни копнени сили” во Сирија, ако сирискиот претседател Башар Асад  ги наруши постигнатите договори во Минхен . Примирјето во Сирија треба да стапи во сила за  една недела.“Ако Асад не ги извршува своите обврски и Иранците и Русите не го принудат да го направи она што го ветија … тоа членовите на меѓународната заедница, безусловно, нема само да седат со скрстени раце, како будали, и само да набљудуваат што се случува. Постои можност во Сирија да се појават дополнителни копнени сили “, рече Кери.

Претходно во Минхен на преговорите на Меѓународната група за поддршка на Сирија беа договорени активности за режим за прекин на огнот и испораката на хуманитарна помош во Сирија. Примирјето во Сирија треба да стапи во сила до една недела. Малку порано претседателот на Сирија Башар Асад предупреди дека Турција и Саудиска Арабија планираат да упаднат во Сирија. Тој истакна дека ако тоа се случи, сириската армија ќе има жесток отпор. Дамаск изјави дека учесниците во инвазијата ќе се вратат дома во “дрвени ковчези”.

Деновиве Саудиска Арабија и ОАЕ изјавија дека се подготвени за копнена операција во Сирија во рамките на предводена од САД меѓународна коалиција.Шефот на Пентагон Ештон Картер не исклучи дека овие земји може да испратат во Сирија специјални сили  за да ја истиснат   “Исламска држава” од градот Ракка, која се смета за сириската престолнина на исламистите.

Слични содржини