Руското раководство треба конечно да објасни зошто толку многу Руси се приклучуваат кон “Исламска држава”. Коментар на Франкфуртер алгемајне цајтунг.

0,,18751706_303,00

Збирната формулација за образложението на руската воена акција во Сирија звучи горе-долу вака: Одбраната на Русија започнува крај Дамаск. Аргументот дека е подобро да се бориш против “Исламска држава” (ИД) во Сирија, отколку подоцна дома против исламистичките борци повратници во татковината , би можел да биде искористен и од политичарите од западната коалиција против терористичките милиции. Во Русија, меѓутоа овој аргумент стекнува уште поголема тежина отколку на друго место во светот. Бидејќи во последните 20 години во ниедна друга немуслиманските држава немало толку многу напади на исламистички терористи.

Да не заборавиме дека во почетокот на своето управување Путин стана популарен благодарение на тоа што ја објави втората чеченска војна за антитерористичка борба. Неслучајно Путин сега го повлекува истиот потег за да ја оправда првата руска воена операција надвор од поранешниот Советски Сојуз.
Путин има потреба од легитимација
Едногласната одлука на Советот на федерацијата за испраќање на одамна присутните во странство руски војници беше прилично фарса, отколку што произлегува од рускиот Устав . Особено во времето на длабока економска криза, Путин има потреба од легитимација за активностите во Сирија, кои нема да мобилизираат толку многу патриотски чувства, како војната во Украина. Образложението на воената операција совршено се вклопува и во вообичаената антизападна пропаганда на Кремљ: безобразното тврдење на Западот е дека Русија има надворешнополитички цели, а всушност таа била единствената земја која не го прекршила меѓународното право во борбата против “Исламска држава”, бидејќи дејствувала по изразување на молба на легитимен претседател на Сирија.

Чудно зошто дури сега Русија проговори за бројот на руските борци во ИД, кој растел “не со денови, туку со часови” и веќе достигна неколку илјади луѓе. Со години руското раководство верификуваше успеси во борбата против исламските екстремисти во сопствената земја и ја омаловажи оваа закана. Сега сепак треба конечно да објасни зошто на “Исламска држава” и се приклучуваат толку многу Руси.

Слични содржини