93
Виктор Орбан утре доаѓа во Македонија. Тој, овојпат во улога на лидер на Фидес, владејачката партија во Унгарија и сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ од Европските народни партии, ќе има средба со Груевски во Охрид. Таму ќе се задржи само неколку часа.
Пред два дена, партиската делегација на ВМРО-ДПМНЕ во состав: Спиро Ристовски, Никола Попоски и Александар Николоски имаше средба со делегација на партијата Фидес, на која што, како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, од страна на раководството на Фидес беше дадена безрезервна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и посака успех на престојните локални избори.
Груевски и Орбан последен пат официјално се сретнаа во Будимпешта на 8 јуни, кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ присуствуваше на средба на десничарските партии од Балканот организирана од унгарскиот премиер и тогаш беше договорено следната таква средба да се одржи во октомври