Властите во Москва размножија видео од вчерашните напади на руската борбена авијација врз позициите на Исламската држава во Сирија, во реонот на градот Хомс и област Хама.

4432313

Портпаролот на руското Министерство за одбрана ген. Игор Конашенков пред тоа прецизира дека руските авиони нанеле поединечни удари врз  позиции на “Исламска држава” (ИД) во Сирија. Удрени се особено воена опрема, комуникациски јазли, транспортни средства, складишта со оружје, муниција и гориво-лубриканти кои припаѓаат на ИД. Руските воени авиони спроведоа нападите во три сириски провинции заедно со борбени авиони на Владата во Сирија, соопштија извори од силите за безбедност во земјата. “Руски и сириски воени авиони извршија голем број бомбардирања   против терористичките позиции во провинции во Хама, Хомс и Латакија”, вели изворот. Претходно Сирискиот центар за човекови права соопшти дека најмалку 27 лица загинале во воздушни напади против провинција Хомс. Организацијата исто така, објави дека ударите засегнале предели во  Талбиса и Заафарани во Хомс Контролата во провинцијата Хомс е поделен главно меѓу сириската влада и групата “Исламска држава”, која го контролира градот Палмира и голем дел од териториите источно од него. Сепак за ниедна од териториите за кои се пријавени дека биле цели на Русија, не е познато дали  има присуство на “Исламска држава”. Удар во Хомс територии се контролираат претежно од блиската до “Ал Каеда” група “Ал Нусра”, додека оние под оган во Латакија се контролираат претежно од коалиција, позната како Армијата на освојување, која вклучува во себе “Ал Нусра”. Териториите во Хама се контролирани главно од исламистички и умерени бунтовнички групи.

Почна ли Третата светска војна !? Русија признава дека ударите од воздухот може да влијаат и врз други земји!

Доцна синоќа Владимир Путин ја  повика генерацијата  руските граѓани октомври-декември 2015 година за почеток на  воена служба  /  МОТ,БГНЕС, АФП и ТАСС

Слични содржини