Се обезбедуваат ли институциите со полициски сили и оружје, пред најавените вечерашни протести ? Пред малку до Локално.мк стигна дојава дека се внесува големо количество на оружје во зградата на МРТВ, каде се сместени и делови на министерства на Владата на РМ.
Вработени во зградата јавуваат дека на зградата се поставуваат снајпери, а борбени возила во околината, но има дури и хеликоптер во близина на зградата.
Пред малку добивме потврда за информацијата и од МВР, но не дека станува збор за носење големи количини на оружје во МРТВ .Тие велат дека ова е стандардна безбедносна процедура за спроведување на опасни затвореници, во случајот станува збор за спроведување на осуденици за кумановските настани до судот. Преносот се прави со хеликоптер и блиндирани возила, а снајперското обезбедување на околината е дел од полициската пракса.Видот и количнината на оружје не е надвор од стадардите на пропишаната процедура посочија од МВР.