Властите во Јужна Кореја се надеваат дека ширењето на смртоносниот вирус МЕРС го достигнало својот максимум и наредните денови ќе бидат од исклучително значење – ќе се знае дали мерките кои ги презедоа властите во Сеул биле ефективни во борбата против вирусот, од кој 7 лица веќе починаа, а околу 100 се заразени, пишува Њујорк Тајмс.

koreja

Над 2.200 училишта беа затворени, а над 3.000 луѓе беа во карантин. И покрај тоа шти МЕРС не се пренесува по воздушен пат, туку само со близок контакт со заразени лица, многу граѓани на Јужна Кореја ги избегнуваат јавните места. Туристичките агенции соопштуваат дека голем број летувања се откажани. Голем е стравот кај граѓаните, од оваа се уште слабо позната болест, за која нема медицински средства за лекување.

Слични содржини