Руски војници објавуваат на социјалните мрежи свои фотографии, направени во Сирија, пишува францускиот весни. “Монд”. Владимир Путин вели дека е прерано да се зборува за присуство на руски војници во Сирија, но фотографиите објавени на социјалната мрежа “ВКонтакте” (рускиот Facebook), направени во Сирија од млади војници,создадоа конфузија.

На 27 август Павле Н., роден во Севастопол, објави во неговиот профил слика на која е со воена униформа, со оружје в рака во позадината на оклопни транспортери со сириско знаме.

orig_49f1b57f49fcb2eb22cd366ec67ed029

А наскоро – во неделата, 6 септември, по двомесечно “молчење” на својата страница “ВКонтакте”, 19-годишниот Вања С. објави слика со четворица униформирани и со коментар: “Тоа е Сирија !!!”.

orig_00aa9ac940d661300e9bd1dd344e70f9

Сите останати фотографии се отстранети. Во моментов е достапна оваа на 27-годишниот Максим, облечен во маскирна униформа, на палубата на воен брод. Фотографијата е од 29 март, најверојатно од регионот на Босфорот. Војникот држи во рацете лист со текст “Те сакам”. Но скорешната слика на која тој е снимен во цивилно облека, по шорцеви, заедно во куќа, на чија ѕид е залепен заедничкиот портрет на сирискиот претседател Башар Асад и неговиот руски колега Владимир Путин, е исчезната.

Како што е познато, турски извори соопштија порано за премин преку Босфорот на три големи руски воени брода, пишува “Монд”.

Постојат и други слики на руски војници, кои се наоѓаат во сириските градови Тартус, Латакија, Хомс.

orig_8b84c31551cda487863dbcd91eefaec4

Лоциран на 160 километри од Дамаск и на 30 километри од границата со Либан, Тартус е познат како место на кое е распоредена руската поморска база.

информациите на социјалните мрежи зборува за зголемено руско воено присуство во Сирија. Но, најважно според “Монд” е дека војниците изгледаат премногу млади за да бидат “инструктори” и “советници”, какви што одамна има присутни во Сирија и Москва не го крие тоа.

Во исто време во оваа фаза ништо не покажува дека авторите на овие слики учествуваат во борбени дејствија на земјата на армијата на Башар Асад. Нема никакви директни сведоштва за присуството на пилоти, кои подготвуваат воздушни напади. Но еден видео клип на YouTube, кој е со датум 23 август и е снимен од борец од армијата на Асад, ги збунува луѓето.

orig_bf14139f50025ad88883ffc5b8a554f4

Во самиот ек на борбените дејства, меѓу канонада од истрели, откај ѕид, зад која се кријат војници, се слуша сосема јасно како луѓе викаат на руски: “Go! Оди! Уште еднаш!” (“Go! Оди! Еште дис!”).

Сите овие факти и видеото на чуден начин потсетуваат за селфијата на млади руски војници, завојувани или испратени да војуваат на страната на сепаратистите во најкрвавиот конфликт во Донбас, источна Украина. Нивното присуство првично беше негирано од Русија, која потоа рече дека тоа биле “доброволци”.

Слични содржини