Властите во Јужна Кореја соопштија за нов, единаесетти смртен случај од епидемијата на МЕРС која ја зафати земјата. Додека соседните земји објавуваат апели на своите граѓани да не патуваат во Јужна Кореја, Владата во Сеул се обидува да ги спречи стравувањата, порачувајќи населението да продолжи со нормалните секојдневни активности и дека интензитетот на ширење на епидемијата се намалува.

mers koreja

Епидемијата во Јужна Кореја се смета за најсериозно ширење на Блискоисточниот респиратоен синдром надвор од Саудиска Арабија. Вирусот ја зеде единаесеттата жртва, 72-годишна старица. Министерство за здравство  соопшти дека е заразено од друг заболен пациент во сеулската болница.

Слични содржини