Нови снимки од кабинетот на премиерот Груевски од средба меѓу него и лидерот на СДСМ Зоран Заев објавија вечерва дел од медиумите, повикувајќи се дека изворот на новите снимки е каналот Јутјуб.

Информации како стасале таму и дали се добиени со посебни истражни мерки нема.

На снимкита, кои се многу слични како и претходните, а според датумот се од септември минатата година, Заев вели дека и да биле легални изборите СДСМ повторно ќе изгубел.

Премиерот Груевски и полицијата кога го обзнанија случајот Пуч изјавија дека биле користени посебни истражни мерки.

Во Јавното обвинителство веќе има пријава против Груевски за оддавање службена тајна токму со протекувањето на снимки од неговиот кабинет.

Слични содржини