Migranti-izbeglice-granica-Grcka-Makedonija-8

На 02.12.2015 година околу 10.15 часот кај ГК-59 кај Гевгелија, група од околу  400-500 економски мигранти почнале да скандираат и да ја влечат жичаната ограда. По извесен временски период  група мигранти движејќи се према должината на граничната линија кон ГК-61, се обидувале насилно да влезат во Р.Македонија.

До вчера издадени 2.797 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Откако ПС од ЕБР интервенирале, мигрантите почнале да фрлаат со камења по нив. Повредени ПС нема, а околу 13.15 часот групата се вратила назад кон ГК-59, при што ситуацијата е ставена под контрола.

Слични содржини