Помали групи од земјите како Иран, Пакистан и Бангладеш од вчера го блокираат преминот на границата на Грција со Македонија. Групата Авганистанци која барала да премине, утрово се судрила со демонстрантите, пренесуваат агенциите.
Властите во изминатите дена престанаа да дозволуваат премин за мигранти кои не се од земјите во војна како Сирија, Ирак и Авганистан, а кои се сметаат за бегалци, да ја преминат границата со Грција.
Грчката полиција тврди дека на граничниот премин на подрачјето Идомени се наоѓаат околу 2500 бегалци кои чекаат во околниот камп и околу 3000 мигранти.
Полициските сили вчера имаа и директен судир поради насилно влегување па мораа да интервенираат со примена на сила и солзавец врз неколку стотици, воглавно пакестински мигранти.
Хуманитарците кои се на самата гранична линија велат дека хаосот го прават грчките полицајци кои не ги селектираат економските мигранти на кои не треба да им биде дозволен влез во Македонија, од оние од Сирија, Ирак и од Авганистан, кои без проблеми можат да влезат во Македонија и да го продолжат патувањето кон Србија
Во моментов во Идомени има околу две илјади луѓе кои стануваат сѐ понервозни и на секаков начин се обидуваат да влезат во Македонија. Скандираат „Ние не сме терористи“, „Меркел те молиме да нè спасиш“, но и извици на српски јазик „Вие сте ФИРОМ,“ и се обидуваат да го привлечат вниманието на медиумите и јавноста.