Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 85-тата седница на чиј дневен ред се предлог законите за извршување, за нотаријатот, како и за изменување и дополнување на Законот за матичната евиденција, трите во прво читање.
Пратениците треба да ги разгледаат и предлог законите за ратификација на Договорот за економска соработка со Владата на Социјалистичка Република Виетнам и за ратификација на Спогодбата со Владата на Република Косово за соработка во областа на образованието и науката.
На дневниот ред се и Предлог законот за урбано зеленило, во прво читање, поднесен од пратениците Лилјана Поповска,Павле Трајанов, Солза Грчева, Љубица Буралиева и Роза Топузова Каревска, предлог законите за изменување и дополнување на Законот за буџетите и на Законот за јавен долг, поднесени од опозицијата, како и Предлог законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост, исто така, поднесен од опозицијата.
На седницата се и уште 70-тина законски решенија во прво и второ читање и по скратена постапка