За денеска е закажано првото рочиште во случајот „Транспортер“, во кој првообвинет е битолскиот градоначалник Владимир Талески. Обвинението е за злоупотреба на буџетски пари во вредност од 360.000 денари поради незаконски организиран автобуски превоз. Талески, како и претседателот на Комисијата за јавни набавки, кои во договор со директорите на училиштата и раководните лица на неколку превозни компании се обвинети дека организирале превоз за учениците во општината, за кој од СЈО на тематската прес-конференција рекоа дека бил „поскап и од оној во Токио“.СЈО кон крајот на април поднесе обвинение за овој случај, но поради фактот што дел од обвинетите одбивале да ги примат поканите, судењето е закажано за септември.
СЈО кон крајот на април поднесе обвинение за овој случај, но поради фактот што дел од обвинетите одбивале да ги примат поканите, судењето е закажано за септември. СЈО за 11 лица достави предлог за притвор, а беше побарана и забрана за располагање со имот ,како и конфискација за 3 стана, 6 патнички возила и 33 автобуси.