Рекордни 156 илјади имигранти влегле во Европската унија во август, соопшти одговорен за границите на ЕУ агенцијата “Фронтекс”.
Вкупниот број на имигрантите,кои влегле во ЕУ од почетокот на годината, е повеќе од 500 илјади луѓе.
За споредба, само 280 илјади имигранти ја поминале границите на ЕУ во текот на целата поминала 2014-та година.
Рекордното количество имигранти се регистрира веќе петти месеци по ред, додадоа од “Фронтекс”, а Европа се обидува да се справи со приливот на имигранти кои бегаат од сиромаштијата и нередот во Блискиот Исток и Африка, забележува “Ројтерс”.
“Фронтекс” сепак прави забелешката дека “голем број на луѓе, видени на границата меѓу Унгарија и Србија, веќе беа изброени по пристигнувањето во Грција од Турција неколку недели пред тоа”.