Американски и руски воени претставници разговараа како да бидат избегнати ненамерни инциденти меѓу борбената авијација на двете држави во Сирија, пренесоа агенциите, повикувајќи се на Министерството за одбрана на САД.

655-402-rusiia-voenni-ucheniia

Секоја од двете страни се согласи да ги разгледа предлозите на другата и да даде одговор во следните денови, соопшти портпаролот на Пентагон Питер Кук.

Американските и руските претставници разговарале малку повеќе од еден час. Тие разговарале како да биде зголемена безбедноста на екипажите на воените летала на САД и Русија, кои нанесуваат истовремено удари во Сирија.

САД изразија загриженост дека досега руските воздушни напади не се насочени против џихадистичката група “Исламска држава”, која е официјално декларираната цел на кампањата на Москва.

Во средата Русија нанесе за прв пат воздушни напади по позиции на “Исламска држава” во Сирија.

Истовремено рускиот претседател Владимир Путин изрази надеж дека Русија и САД ќе создадат постојан механизам за размена на информации за Сирија.

“Токму поради тоа воспоставуваме контакти меѓу нашите и специјалните служби на САД, меѓу воените министерства”, истакна Путин на седница претседателскиот Совет за човекови права.

Целта на операцијата на Русија во Сирија е да и помогне на армијата на претседателот Башар Асад во неговата борба против терористите од “Исламска држава” и другите бунтовници.

Тоа го изјави Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател

Путин вчера изјави дека Москва не планира да се фрла со главата напред во сирискиот конфликт. Таа само ќе ја поддржува сириската армија од воздух и само во борбата со терористите.

Песков истакна дека воената операција против терористите се одвива само на територијата на Сирија, а хипотетичките размислувања за можноста таа да биде проширена се несоодветни.

Слични содржини