СДСМ не верува дека парламентарен комитет, односно анкетна комисија што според еврокомесарот Јоханес Хан би можела да ги расчисти компромитирачките информации што ги објавува опозицијата, а се однесуваат на начинот на работа на државните фунционери може реално да донесе излез од политичката криза.

zaev-han-1 (1)

„Искуство со Анкетната комисија за настаните од 24 декември, кога претставниците на ВМРО-ДПМНЕ ставија потписи на заклучоците до коишто се дојде со меѓународно посредништво, а потоа документот го прогласија за палома хартија, е класичен доказ дека комисии, дури и со меѓународни посредници, не даваат никаков резултат“, коментира СДСМ.

Слични содржини