109
По средбата со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, претседателот на ДПА, Мендух Тачи рече дека било определено 6. октомври да биде краен датум за политичките партии да се договорат за изборниот процес.
„Главна тема ни беа изборите и нивното организирање. Добивме добра реакција за нашиот предлог, на гласање да се оди само со отисок од прст. Периодов треба да се фокусираме на изборниот законик, затоа што не гази времето. Се договоривме 6. октомври да биде краен датум за изборниот процес“, изјави Тачи.