– САД нема да ја нападнат Северна Кореја, бидејќи знаат дека Пјонгјанг има атомска бомба, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Американците нема да ја нападнат (Северна) Кореја, бидејќи, не се сомневаат, туку сигурно знаат дека тие имаат нуклеарна бомба, изјави Лавров за руската телевизија НТВ.

– Не ја бранам Северна Кореја, туку само велам дека речиси сите се согласуваат со таквата анализа, изјави шефот на руската дипломатија, пренесува Танјуг.

Тој верува дека кризата може да биде решена само со мек пристап – внимателно, со сугестии и убедување и дека доколку САД не заземат таков став, десетици а можеби и стотици илјади невини граѓани на Јужна Кореја, Северна Кореја и соедна Јапонија ќе бидат загрозени.

– А Русија и Кина се во близина, додаде Лавров.

Слични содржини