15 ученици и 1 професор од средното училиште „Арсени Јовков“ вчера завршиле на Токсикологија и во градската болница „8 спетември“ со симптоми на кашлање и задушување.
Според првичните информации од МВР, се работи за вдишување на спреј кој бил употребен од 2 непознати лица кои засега не се лоцирани, а според МВР по настанот се упатиле во непознат правец. Настанот се случил околу 16 часот, кога децата почувствувале печење на очите и грлото.
Според последните информации од Токсикологија, учениците се во добра состојба и речили сите кој веднааш кое подоцна се пуштени дома
„Учениците се прегледани, згрижени, сите се во стабилна состојба, но три од нив кои реагираа подраматично задолжително ќе бидат задржани на опсервација. Сите покажуваат различни симптоми. Некои се жалат на печење во очите, други во грлото и кашлање, некои на главоболки. Во наредните денови токсиколошките анализи кои ќе се прават на Институтот за судска медицина ќе покажат за што станува збор“велат дежурните служби на Клиниката.
Според лекарите на некои од нив им е даден кислород, а други примаат соодветна терапија.
Во исказите кои ги дале пред лекарите и полициските службеници учениците не биле прецизни околу самиот настан и кои биле лицата кои употребиле спреј.
Синоќа до доцна во ноќта , се уште траеше полицискиот увид во училиштето. Вработените кои беа дојдени на работа 2 смена, не знаеја ништо за случајот.