Денеска ќе презентираме дел од доказите што ќе потврдат кој следел и прислушувал во Република Македонија и како го правел тоа, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев на почетокот од денешната прес конференција. Материјалите што денеска ќе ги споделиме со јавноста во Македонија, додаде тој, ќе го потврдат она што го говориме од самиот почеток. Податоците за нелегалното прислушување потекнуваат од постојниот систем за следење на комуникациите во Управата за безбедност и контраразузнавање при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

images

“Имаме повеќе од 100.000 во транскрипти, повеќе од 18.000 СМС пораки, повеќе од 12.000 различни телефонски броеви. Податоците потекнуваат од Управата за безбедност и контраразузнавање при МВР. Сашо Мијлаков и Никола Груевски со години неовластено прислушкувале граѓани на Република Македонија” – посочи Заев.

Беа презентирани документи во ексел формат, за кои Заев тврди дека се од УБК при МВР, а на кои се гледаат имиња на луѓе, нивни телефонски броеви, а во некои документи и транскрипти на разговори. Прислушуваните, вели Заев, имале и псевдоними по кои биле водени, па лично за него тврди дека псевдонимот му бил „ДС Зеко“, за поранешниот претседател на СДСМ и претседател на државата, Бранко Црвенковски, псевдонимот бил „Крст“, за министерот Јанакиески „Тутин“, за пратеничката Силвана Бонева „Босил“, за уредникот на Тв Сител, Драган Павловиќ Латас, псевдонимот бил „Талас“, а за Бучковски, „НДСБува“.
Заев нагласи дека минатата недела до Јавното обвинителство, поднеле и 13 необјавени дотогаш аудио снимки, кои, како што рече, биле доказ кој стои зад прислушувањето во земјата и дека тоа не биле странски служби.

Слични содржини