Премиерот, Никола Груевски, пристигна 15 минути по еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, во Министерството за финансии каде се одржува пленарна седница за Пристапните преговори на високо ниво (ХЛАД) со Европската комисија, бележи А1 он  Владини министри, претседатели на комисии, претставници од опозицијата и од Европската унија мораа да го чекаат пристигнувањето на премиерот.

Screenshot_213

Пристапниот дијалог на високо ниво денеска се возобновува по подолга пауза поради политичката криза во земјата. Високиот политички дијалог меѓу Европската Комисија и македонската Влада започна во 2012 година, а беше замрзнат по една година. Во неговото обновување аналитичарите гледаа можност за враќање на европската перспектива на земјата.

Во своето обраќање пред пратениците денеска во Собранието, Хан ги издвои прашањата што ќе бидат отворени за време на денешната седница. Вниманието ќе биде свртено на партизираноста на институциите, на политичките притисоци врз судството и медиумите и на економската ситуација во земјата, како зголемувањето на буџетскиот дефицит и големата невработеност. Владеењето на правото и независноста на медиумите ги издвои како области во кои се неопходни реформи.

На пристапниот дијалог од високо ниво присуствуваат потпреседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска, пратеничката на СДСМ, Лидија Димова, народниот правобранител, Иџет Мемети, претседателот на ДИК, Никола Рилковски, вицепремиерот, Муса Џафери, министрите за внатрешни работи, финансии и надворешни работи.

Слични содржини