timthumb (3)

Повторно обоено Министерството за правда. Шарената револуција е пред министерството, а демонстрантите го прикажаа својот револт, иако во меѓу време полицаец  од кордонот поставен пред зградата на мегафон ги повика да не го оштетуваат објектот на Министерството за правда.

timthumb (1)

„Вистински државници не се закануваат на граѓаните“ гласи транспарентот на денешниот протес на Шарената револиција. Револуционерите се собраа пред СЈО и тргнаа кон Собранието.

timthumb (4)

 

timthumb (5)

 


„Шарената револуција“ и нејзините поддржувачи денеска излегуваат на нов протест, кој ќе почне пред зградата на Специјалното јавно обвинителство.

Во најавата за протестот, објавена на официјален фејсбук-профил на „Шарената револуција“, се вели дека тие ја продолжуваат борбата за остварување на нивите барања и дека се „вклучуваат во решавањето на кризата“. „Правдата е под сериозна закана. Протестирам! Уставниот суд е под партиска опсада. Протестирам! Груевски и Иванов им се закануваат на граѓаните. Протестирам! Власта сака да преговара тајно. Протестирам! Власта не сака да се чуе мислењето на граѓаните. Протестирам! Протестирам со „Шарена револуција“ в понеделник (27 јуни), 19 часот, пред нашата тврдина – СЈО! Борбата за правда продолжува! Криминалот веќе нема да смее да поминува пред очите на граѓаните! Протестирам 80 денови со илјадници соборки и соборци! Заедно спречивме помилување криминалци, заедно спречивме уште едни фалсификат избори! Нашите другари се на слобода! Продолжуваме, се вклучуваме во решавањето на кризата!“, стои во најавата за протестот./извори Мета и А1он

13552637_10208467703348376_1024719931_n13563653_10208467703268374_1146264116_n

Cl-dDOFWAAEhZBv

промо:

Слични содржини