Последиците од загадениот воздух сè повеќе се чувствуваат. Штетните ПМ честички ги напаѓаат дишните патишта и влијаат на порастот на пациенти кои имаат респираторни заболувања. Секојдневно болниците во Република Македонија се полнат, а власта предводена од СДС мува не ја лази, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Сè што ветија градоначалниците на СДС во текот на изборната кампања е лага. Наместо да се справат со загадувањето, градоначалниците на СДС тргнаа со контрамерки. Шилегов и Богоев ги стартуваа мандатите со сечење дрва низ градот. Ниту СДС ниту неговите градоначалници имаат конкретен план за прочистување на загадениот воздух поради кој секој ден се губат човечки животи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Згора на сето тоа, велат од партијата, СДС без тронка срам го укина и Ден на дрвото.

„Време е власта и нивните градоначалници да ги засукаат ракавите и да преземат реални мерки со кои ќе се намали екстремната загаденост на воздухот и ќе се подобри живеењето на граѓаните на Република Македонија“, се вели во соопштението.

Слични содржини