ВМРО-Народна партија соопшти дека целосно ја поддржува иницијативата за собирање потписи за распишување референдум, со што ќе се обезбеди законска можност за ставање на дневен ред на законот за амнестија во Собранието ги повика партиските членови и симпатизери да го дадат својот потпис.

vmro_np2-540x338

ВМРО–Народна партија бара од пратениците едногласно да се изјаснат во корист на овој закон, истанувајќи дека секој човек што се огрешил пред законот, заслужува шанса за нов почеток.„ВМРО-Народна партија предлага донесување на закон за амнестија, со кој ќе се доизгради системот од правни норми кој ја регулира казнената политика и санкционирањето, во насока на ублажување на драконските казни и овозможување на осуденото лице да ја почувстува милоста од опшеството на кое и припаѓа. Секако, тој закон со поединечни членови ќе ја одреди категоризацијата на осуденици во однос на тежината на сторените кривични дела, освен за  најтешките кривични дела за кој нема да важи и според истите критериуми ќе се доделува заслуженото помилување“, се наведува во соопштението.

Слични содржини