Во Велес изминатата седмица (од 1 до 7 февруари) нагло е зголемен бројот на заболени од грип на 145 лица.

11547mala

Епидемиологот Билјана Трајкова од ЈЗУ Центар зајавно здравје Велес изјави дека од регистрираните 145 болни од сезонски грип, најголем број 107 лица се во старосната група од 15 до 64 години.

– Меѓу заболените од грип кои се регистрирани кај нас во ЈЗУ Центар за јавно здравје меѓу болните има и седум деца од најрана возраст до 4 години, како и 25 деца од 5 до 14 години. Меѓу болните, шест лица се на возраст над 65 години, информира Трајкова.

Потенцира дека нема причина за паника меѓу населението и дека зголемување на бројот на заболени од грип е вообичаено за овој зимски период од почетокот на годината. Таа апелира до граѓаните да избегнуваат контакт со заболени лица и да го зголемат внесувањето на храна богата со витамини, а пред се овошје и зеленчук, топли напивки, чаеви и слично.

Додаде дека во текот на јануари во Велес биле регистрирани 27 лица заболени од грип.

Слични содржини