Добар и релативно сончев викенд не очекува колку започеток на Октомври . Но, во првите 10 дена од месецов нема да биде се така „глатко“ во поглед на времето, иако бројот на денови со суво време ќе преовладува во однос на деновите со врнежи прогнозира метеопро.мк. Се до понеделник, 5ти октомври, деновите ќе бидат суви со најмала облачност во петок и сабота, кога можеме слободно да кажеме дека ќе имаме претежно сончево време. Можен е мал исклучок во западниот дел од земјата во текот на попладневните часови во сабота, но само со умерено зголемување на облачноста.
Во недела ќе биде претежно сончево, но во втората половина од денот се очекува постепено наоблачување од запад кон исток, без некои особени услови за дожд.
Понеделник очекува претежно облачно време. Од оваа облачност очекуваме нови, локални врнежи од дожд, но не се очекува значителна количина на наврнат воден талог. Врнежите прво ќе започнат во планинските региони, за во текот на ноќта кон вторник да се прошират во поголем дел од земјава.
Во втората половина од вторник, па се до среда претпладне облачноста ќе се намалува, но сеуште од истата може да се очекува сосема слаб и локален дожд.
Веќе од среда попладне да очекуваме ново поголемо разведрување кое би требало да потрае барем до сабота, 10 октомври.
Во однос на температурата, петок и сабота ќе бидат малку потопли, а максималната ќе има вредности во границите од 22°С до 25°С во поголем дел од котлините. Пораст на температурата се очекува во недела, кога максималната во добар дел од котлините, особено долж повардарието и оние во низините на исток, ќе надмине 25°С и ќе има вредност околу 27°С, а на југот на Повардарие со можност и за 30°С.Во понеделник ќе биде посвежо од недела за околу 2°С, а уште еден пад за нови 2°С се очекува во вторник.
Потоа, се до сабота не се очекуваат поголеми температурни промени. Максималната ќе биде во границите од 20°С до 25°С низ котлините, со тоа што југоисточниот дел ќе „влече“ кон оние 25°С, додека котлините во западниот крај кон оние 20°С.
Во овие 10 дена нема да има услови за појава на првиот есенски мраз!