Сметате ли дека доброволно власта ќе отстапи или Македонија се движи кон некое друго сценарио, затоа што седми пат објавувате компромитирачки материјали, а од друга страна, агендата на премиерот на појавување во јавноста е сé поинтензивна и поинтензивна.

Ова е едно од новинарските прашања кои денеска му беа поставени на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, на што тој одговори дека власта се обидуваат целиот овој период да и пласира на Македонија извитоперена реалност.

– Ако додадете дека се работи за нивната сопствена кожа, тогаш, што би направиле луѓето? Можат, секако, да направат нешто. Можат барем последниот чекор да го направат во прилог на Македонија. Ако сиве овие години правеле спротивно на интересите на Македонија, можат да го направат тоа. Јас не знам, ниту некој може да каже до крај, што ќе биде процесот којшто ќе се случува во државата. Но, морам и можам да кажам дека јас сум должен вистината да ја објавам од почеток до крај. Ако се обиде некој да замисли да прави било какви тензии во државата, прво, тоа ниту ќе му успее, ниту тоа ние, ама и вие, сите заедно, нема да му го дозволиме – рече Заев.

Слични содржини