🎥 Русија погодена од жештина каква што не е видена 100 години, погледнете ги сцените кои доаѓаат од Москва

од Milan1
59 прегледи

Русија ја зафати жештина која не е видена повеќе од сто години, а големи горештини преовладуваат и во Кина.

Во Москва беше соборен рекордот од 1917 година, а во градовите низ земјата живата се искачи над 35 степени Целзиусови.

Метеоролошката служба ФОБОС објави дека на 3 јули во Москва се измерени 32,7 степени, што е за половина степен повисоко од рекордот измерен на тој ден во 1917 година.

Соборени се рекорди од рускиот брег на Пацификот и Сибир до европските делови на Русија.

Топлината ја зголеми побарувачката за клима уреди и вентилатори. Московјаните консумирале и рекордни количини сладолед и ладни пијалоци. На патниците во метрото и трамваите им беше оделена вода.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин ги советуваше граѓаните да бидат внимателни и да избегнуваат излегувања во најжешките делови од денот. Во Москва живеат повеќе од 20 милиони луѓе.

За петок се прогнозира невреме и постои можност за град

Жештини во Кина

Кина се соочува со се пожешки и подолги топлотни бранови и почести и непредвидливи обилни дождови поради климатските промени, предупредија во четвртокот кинеските метеоролози.

Во годишната „Сина книга“ за климата, кинеската метеоролошка управа (CMA) предупреди дека за 30 години максималните температури во Кина би можеле да се зголемат за 1,7 до 2,8 степени Целзиусови, а најмногу ќе бидат погодени источните делови на земјата и северозападниот регион Ксинџијанг,

– Минатата година, просечните национални температури достигнаа нови рекорди, предизвикувајќи рекордно топење на мразот на северозапад, се вели во документот.

Кина се смета за една од најранливите земји од климата во светот и е под зголемен притисок да се прилагоди на променливите временски услови и нивото на морето кое се зголемува повеќе од глобалниот просек.

„Кина е регион кој е чувствителен на глобалните климатски промени, регион каде што влијанието ќе биде особено значајно“, рече Јуан Џиашуанг, заменик директор на Националниот климатски центар на „CMA“, на брифинг со новинарите.

Таа предупреди дека ако емисиите на стакленички гасови останат високи, екстремните топлотни бранови што се случуваат еднаш на 50 години би можеле да станат секоја втора година до крајот на векот, а врнежите би можеле да се удвојат и да станат понепредвидливи.

Метеоролошката служба во четвртокот предупреди дека очекува температурите во поголемиот дел од Кина да бидат релативно високи во следните неколку месеци.

„Времето ќе биде различно од претходните години и сега имаме поекстремни временски услови“, рече Чен Јухан, жител на Шангај, каде во четвртокот температурата беше повеќе од 38 степени.

Обилните дождови и поплавите се вообичаени на југот на земјата, а температурите соборија рекорди во неколку области во северна и централна Кина, загрозувајќи ги посевите и вршејќи притисок врз електричната мрежа.

Просечните температури од март до мај биле највисоки од почетокот на мерењата во 1961 година, според официјалните податоци.

„Постои потреба да се заштитиме од ризикот од намалени приноси на памук и раниот и доцниот ориз поради високите температури и оштетувањето од топлина“, рече на брифингот Џија Ксијаолонг, заменик директор на CMA.

Летните температури во регионите како Жеџијанг, Џиангкси, Хунан, Фуџиан, Гуангдонг, Гуангкси, Гансу и Нингксија се прогнозираат да бидат од 1 до 2 Целзиусови степени над нормалата, според „CMA“.

Во јули метеоролозите очекуваат два тајфуни да ја погодат Кина. Се очекува да се движи во правец запад или северозапад. Минатата година два силни тајфуни Доксури и Хаикуи донесоа рекордни дождови, поплави и предизвикаа евакуација на населението.

Слични содржини