Најмалку 15 цивили се убиени во воздушни напади од страна на коалицијата под водство на САД, иако метата на овие напади биле села на североистокот од Сирија, кои се под контрола на ИСИС.

1487763014548deebf0c70d768866133_v4_big

Меѓу жртвите има и три деца, но и девет џихадисти, соопшти директорот на една невладина организација за заштита на човековите права.

 –  Ние секогаш настојуваме да го ограничиме бројот на жртви меѓу цивилите, вели шефот на американските сили на Блискиот исток, Чарлс Браун, кој додава дека во тек е проверка на информацијата за загинатите цивили.

 

Според податоците на Опсерваторијата, од почетокот на воздушните интервенции на коалицијата во септември 2014-та година убиени се 4250 луѓе, меѓу кои и 332 цивили.

 

Слични содржини