Украина го замрзна имотот на поранешниот претседател Порошенко

од Aneta Risteska
24 прегледи

Украина воведе санкции за поранешниот претседател и опозициски политичар Петро Порошенко, вклучително и замрзнување на имотот, се вели во претседателскиот декрет. Службата за безбедност на Украина (СБУ) соопшти дека санкциите против Порошенко се воведени врз основа на закана за националната безбедност, пренесе Ројтерс.

„Предлозите за воведување санкции беа поднесени во поглед на постојните закани за државната безбедност, територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“, се вели во соопштението на SBU на Telegram.
Порошенко, еден од најбогатите Украинци и лидер на најголемата опозициска партија во украинскиот парламент, беше претседател на Украина од 2014 до 2019 година, кога на изборите беше поразен од актуелниот претседател Володимир Зеленски. „Милијардите заработени од продажбата на Украина, украинските интереси и безбедност, мора да бидат блокирани и искористени за заштита на Украина и Украинците“, рече Зеленски.

Санкции беа најавени и против затворениот бизнисмен Ихор Коломојски, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, Виктор Медведчук, како и бизнисменот Константин Жевох.

Порошенко вчера изјави дека санкциите се политички мотивирани и дека се противуставен чин. Поранешниот претседател често бил предмет на криминални истраги, но секогаш негирал каква било вмешаност, пренесува Танјуг.

Слични содржини