Пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски, денес објави видео со кое на Заев му порача дека некогаш тие биле опозиција и го правеле истото.
Поконкретно,СДСМ поднесе 2.300 амандмани на Деловникот и рече “ако сакате ефикасен парламент треба:
1. да ја почитувате демократијата
2. да ја почитувате опозицијата и
3. сами да си обезбедите кворум”
На тие амандмани потпишани беа тогашните пратеници Р.Шеќеринска, О.Спасовски, В.Бучковски и други славни демократски другари на аболицираниот Заев.
Денес Заев пред да критикува зошто опозицијата поднела амандмани на Деловникот во Собранието треба, прво да си поразговара со Шеќеринска, Оливер и Бучковски за да му објаснат што е ефикасно Собрание и опозиција, и второ, да го потсетат на на народната поговорка “што си дробел, тоа ќе сркаш”!