Во своето гостување на МТВ, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се осврна и на темата врзана за евроинтеграциите, каде напомена уште еднаш дека неговата партија нема да престане да лобира во однос на европската иднина на Македонија.
„Постојат луѓе кои сакаат да преспијат и пари да им легнат, наместо да застанат зад сето она за што се бореле нивните предци. Мојата теза е да се дојде до скратен пат кон евроинтеграциите. Не е случајно ниту ова со предметот историја, најлесно е децата да учат енциклопедиска историја. Кога се соочувате со ситуација кога се асимилирате, барате помош од пријатели надвор. ВМРО ДПМНЕ ќе продолжи да лобира за европската иднина на Македонија. Од членството на ВМРО ДПМНЕ нема ниту еден бугарско државјанство“, истакна Мицкоски.