Во своето гостување во Топ тема, шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, потенцираше меѓудругото и дека спорен целиот пристап бидејќи бугарската страна се повикува на преспанскиот договор кога се однесува на придавката македонски.
„Досега комисијата има усогласено 5 историски личности, 2 историски периоди се начелно усогласени тие треба да се преточат во конкретни препораки за учебниците, тука имало некоја разлика на последната комисија дали се тоа истите текстови кои се усогласени за заедничко одбележување треба да бидат основа и за препораки за учебниците мислам дека таа разлика треба брзо да се надмине меѓу комисиите и со тоа да биде добра основа да се продолжи понатму…“
„Тука е малку спорен целиот пристап бидејќи бугарската страна се повикува на преспанскиот договор кога се однесува на придавката македонски меѓутоа не го прифаќа преспанскиот договор краткото име и тој пристап на бирање на прашања којшто може од преспанскиот договор, ние сметаме дека е непринципиелен сметаме дека двата договора се важни и треба да се прифатат такви какви што се. Ниту Бугарија може да бира или да прифати или не прифати нешто од преспанскиот ниту ние можеме да прифатиме или не прифатиме во Договорот за добрососедски односи“, посочи шефот на дипломатијата, Бујар Османи.