Транспаренс Интернешнл: Голем пад на С.Македонија, 111. место на ранг листата за Индекс на перцепција на корупцијата

311 прегледи

Иако некаде бележиме подобрување на резултатите, Индексот на перцепција на корупцијата реално се намалува, вели Слаѓана Тасева од Транспаренс Интернешнл.

Притоа, таа додава дека на глобално ниво, Индексот на перцепција изнесува 43 индексни поени од можни 100 поени. Тоа, како што вели, очигледно покажува на влошување на Индексот.

Најдобро рангирани земји на глобално ниво, повторно се Нов Зеланд и Данска со 88 поени, додека пак најлошо рангирани земји се Сомалија и Јужен Судан.

Во рамки на резултатите за Источна Европа и Азија, просечниот резултат е 36 индексни поени, додека за ЕУ просечниот резултат е 66 индексни поени. Нашиот регион во целина бележи ниска стапка на индексни поени.

Најлоши во рамки на регионот пак, повторно се Бугарија и Романија.

„С.Македонија оди наназад и надолу во рангирањето. За 2020, ова е наше најлошо рангирање во Индексот на корупција, со вкупно 35 индексни поени се наоѓаме на 111. место на листата на Индекс за перцепција на корупцијата“, потенцираше Тасева.

Инаку, С.Македонија го дели 111. место со Монголија, Панама и Босна и Херцеговина. Словенија пак, е најдобро рангирана во списокот на рангирање, а е земја од нашиот регион.

„Резултатите покажуваат дека С.Македонија има проблем со транспарентност на институциите која е потребна. Потребно е исто така, да се обезбедат услови за праведно вработување и еднакви можности за сите, без партиски вработувања. ДКСК пак, исто така, не може непречено да си ја работи работата и да го спроведува законот.А ова, до сите носители на власта ова се сериозна порака“, заклучи Тасева.

Слични содржини