Северна Македонија се најде на 78-мото место и во групата на хибриден режим во најновиот извештај на угледниот „Економист“ за индексот на демократија во светот за 2020 година.
Земјава е во група со Боливија, Сенегал, Црна Гора, Танзанија, Молдавија, Уганда, Бутан, Либан, Нигерија.
Според „Економист“, од 2016 година до 2020 државата има пад на оцената според индексот на демократија во однос на претходните години кога бодувањето било над 6.
Ова е втора поразителна ранг листа која Северна Македонија откако „Транспаренси Интернешнл“ ја рангираше државата на 111 место според индексот на корупција што е историски најлошо рангирање.
По рангирањето, се огласи и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој го обвини Заев и раководството на СДСМ дека неуспешно раководат со земјавава, по што резултатите како што вели јасно даваат до знаење каде сме.
„Заев ветуваше иднина во Европа, а не може земјава да мрдне од Африка. Ветуваше живот, a стана рекордер по мизерија. Ветуваа правда, останавме заковани во хибриден режим.
Македонија со Владата на Заев и официјално е “хибриден режим” кој е “најкорумпиран” во Европа.
Ако според Транспаренси Интерационал сме една од најкорумпираните држави во Европа во групата со Танзанија, Буркина Фасо, Колумбија, Гамбија, според Индексот за демократија сме хибриден режим заедно со Ел Салвадор, Украина, Бангладеш.
Дијагнозата е мафија, одговорот мора да е народот! Ќе победиме, затоа што друг избор нема Македонија!“, стои во објавата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.