Крмов: Интимното чувство, со воведувањето на етничка графа во личните карти станува јавно чувство

266 прегледи

Во своето гостување во 24 анализа, пратеникот на Левица, Борислав Крмов посочи дека ова е апсурд што воопшто се коментира за воведување на етничка графа во личните документи.

„Не постојат аргументи за законот за воведување на етничка припадност во личните карти. Ние тврдиме дека се стремиме кон ЕУ, а вакво решение во Уставот на било која земја членка не постои. Грција на пример во 2000. година го укинува ова законско решение под притисок на Унијата. Албанските партии создаваат раздор помеѓу партиите. Етничките идентитети, не се фиксни работи, а во овој случај ќе станат сопственост на државата. Интимното чувство, со ова станува јавно. Поддршката на ВМРО ДПМНЕ не е потребна. Не можат да условуваат, кога немаат со што да условат. Ако Левица не го блокираше овој закон, истиот ќе беше изгласан уште во понеделникот “, истакна Крмов.

Слични содржини