Петрушевски: Ние како опозиција седиме на своите работни места и гледаме се што се случува во Собранието

375 прегледи

Во своето гостување во „Само вистина“, пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Бране Петрушевски се осврна на последното случување во Собранието, но и аномалиите на парламентарното мнозинство и присуството на демократија во земјава.

„Ова денес што се случи во Собранието е театар, да не речам циркус. Тој избегна ова да се гласа со присуство на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, кој знаете дека е во изолација. Заев си ја употреби можноста, без расправа да се изгласа ваквата доверба и не дозволи да дебатираме ние како опозиција во Собранието. Најпрво, доколку Заев беше храбар, јас верувам дека има 20 пратеници преку кои можел да поднесе барање за гласање на доверба на Владата. Потоа, зошто еден месец немаме пленарна седница? Ние како опозиција седиме во Собранието, следиме што се случува. Во однос на интерпелациите, ние нема да ги повлечеме и тоа е инструмент на опозицијата да го покаже своето незадоволство“, посочи Петрушевски.

Слични содржини