По низата актуелни политички случувања во земјава, на апликацијата „PlayStore“ имате можност веќе да симнете игра во која главната улога ја има премиерот, Зоран Заев, а е насловена како „Zoki Vaksajn“. Истата притоа веќе повеќе од 5.000 лица ја презеле.
Играта е едноставна и повеќе направена како за разонора, но она што е клучно правилно е вниманието да не се удрите во големите барокни столбови, да ги преминете и соберете вакцини, а доколку тоа не ви успее звуковен потсетник ви вели „мало сутра“.
Во долниот дел од екранот пак, можете да забележите дека пишува „Пут у ЕУ“, а во позадината е одбележан „Воинот на коњ“
Според информациите за играта таа е развиена од [email protected] , а била пуштена во PlayStore на 24.02.2021 и е со големина од 29 мегабајти. За играње на оваа игра потребен ви е паметен телефон со Андроид оперативен систем со минимум верзија 4.3.