Претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија ќе се состанат со претседателот Реџеп Таип Ердоган во Турција на 6 април, изјави денеска портпаролот на ЕУ.
Не беа дадени дополнителни детали за посетата на Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен, но оваа посета, според Ројтерс, може да биде чекор кон заемно подобрување на односите.
Турција, земја кандидат за ЕУ, нема одржано официјален самит со лидерите на ЕУ од мај 2018 година, кога се состана Ердоган со претходните шефови на Европскиот совет и Европската комисија, Доналд Туск и ан-Клод Јункер.
И покрај одлуката на Турција да се повлече од конвенцијата за заштита на жените од насилство и влошување на состојбата со човековите права во таа земја, ЕУ вели дека е подготвена да работи на зголемување на трговијата.
Двете страни исто така сакаат договор за нова европска помош за сириските бегалци во Турција, вреден неколку милијарди евра.