Инфицирањето со Ковид 19, по приемот на двете дози на вакцината, е реткст, според студијата објавена во „New Jorunal of Medicine“.
Од 28.000 здравствени работници во Калифорнија кои биле целосно вакцинирани, само седум или 0,02 проценти биле позитивни на „Ковид 19“, по повеќе од две недели од приемот на втората доза на вакцина Модерна или Фајзер.
Дури и оние испитаници кои биле позитивни на тестот по вакцинирањето имале само благи симптоми на болеста или биле асимптоматски носители. Пад на случаите има откако помина повеќе време од приемот на првата, а потоа и на втората доза на вакцината. Вкупно 145 случаи се пријавени во првите седум дена од првата доза.
Авторите на студијата посочуваат дека резултатите се охрабрувачки, но дека епидемиолошките мерки треба да продолжат да се придржуваат, сè додека не се постигне колективен имунитет. Се препорачува посебна претпазливост поради појавата на нови видови на вирус, бидејќи тие можат да ги нарушат претходните напори за борба против епидемијата.