Данецот (37) кој беше уапсен синоќа за нападот со лак и стрела во супермаркет во норвешкиот град Конгсберг, е идентификуван како Еспен Андерсен Бретен, пренесуваат норвешките медиуми. Во нападот тој уби пет лица, а двајца тешко повреди.
Бретен преминал во ислам, а полицијата пред убиствата, вчеравечер, беше во контакт со него поради загриженост за радикализација, изјави денеска шефот на норвешката полиција Оле Бредруп Саверуд, пренесе Си -Ен -Ен.
Откако полицијата вечерта добила пријава за нападот осомничениот го привела за точно 34 минути. Очевидци велат дека побеснетиот човек убил пет лица, додека другите панично трчале по улиците, обидувајќи се да избегаат од заканата.
Тој во моментов е во притвор, а полицијата претходно соопшти дека е во тек истрага за да се утврди дали нападот може да го третира како терористички акт.