Во обраќањето пред пратениците во Стразбур, Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека неодамнешната пресуда на Уставниот суд на Полска претставува закана за основните принципи на блокот и дека Брисел „нема да дозволи” Полска да ги доведе во ризик вредностите на ЕУ.
Европската унија е во конфликт со Полска поради одлуката на Варшава да воведе промени во судскиот систем на земјата, што и даваат на владата поголема моќ над судовите. Уставниот суд на Полска неодамна пресуди дека националното законодавство е над она на ЕУ. Унијата го смета овој потег за недемократски, додека владејачката Партија на правото и правдата вели дека промената била неопходна за реформира на неефикасниот систем.
Полските лидери испратија порака до ЕУ пред денешното обраќање на премиерот Матеуш Моравијецки пред Европскиот парламент:
– Не подлегнуваме на уцени, рече Јарослав Качински, де факто лидер на земјата и водач на владејачката Партија на правото и правдата.