297
Американската морнарица и армијата спроведоа три тестирања на прототип на компоненти од нивната програма за хиперсонично оружје, соопшти Пентагон, оквалификувајќи ги тестовите како успешни.
Тестовите „демонстрираа напредни хиперсонични технологии, способности и прототипови на системи во реалистична работна средина”, соопшти американското Министерство за одбрана.
Тестовите беа извршени истиот ден кога американскиот претседател Џо Бајден изрази загриженост за кинеското хиперсонично оружје. Хиперсоничното оружје лета во горната атмосфера со повеќе од петпати поголема брзина од звукот.